Кога од Националната библиотека на Австралија неодамна ги нашле личните работи на славниот поет Ендру Бартон Патерсон, познат под псевдонимот Банџо, последното нешто што очекувале да го пронајдат е чоколадо старо 120 години.
– Поврзано со кралицата Викторија, произведено во 1900 година, ова е едно од најдобро зачуваните чоколади од тоа време – изјави историчарот Ширлин Робинсон за „Би-би-си“.
Чоколадото е во многу добра состојба. Произведено е од компанијата „Кедбери“, а врежаното име „Кедбери“ сè уште може да се види на секој ред од чоколадото. Чоколадото, кое е сместено во метална кутија, најмногу се продавало во близината на воените зони, по цена од 20 фунти, што е околу 27 долари.
Банџо Патерсон е познат во светот на литературата како еден од најпознатите поети во историјата на Австралија. Ликот на Патерсон се наоѓа на австралиската банкнота од 10 долари, што сведочи за тоа колку тој, всушност, е почитуван.