Американецот Виктор Весково кој постави нов рекорд за најдлабоко нуркање во океан, на дното на Тихиот Океан забележал пластична кеса, пренесува „Тајм“.

Новиот рекорд бил поставен на 1 мај на точката со име „Челинџер дип“, најдлабоката во Тихиот Океан, информира Си-ен-ен. Претходниот рекорд го држеше Џејмс Камерон, режисерот на филмот „Титаник“.

Покрај кесата на дното на океанот, Весково открил четири нови видови на животни. Научен тим планира да направи тестови со цел да открие дали овие животни имаат внесено пластика во своите организми.

Неговата експедиција е дел од тимот кој се обидува да го комплетира сонарното мапирање на петте најдлабоки точки во океаните.