Абдулвахаб Семо, пчелар од градот Ван, на истокот од Турција, одлучил да влезе во Гинисовата книга на рекорди со собирање на најголем број пчели на неговото тело. Тој досега успеал да собере 10 килограми пчели на телото и не планира да се откаже од целта, пишуваат медиумите од регионот повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Се започнало кога Семо, кој е познат под прекарот „човекот-пчела“, на Интернет наишол на напис за човек кој го соборил светскиот рекорд со најголема количина пчели на своето тело. Тогаш одлучил да тргне во поход на соборување на овој рекорд.

Актуелниот светски рекорд е во сопствеништво на Кинезот Руан Лиангминг кој бил обвиен од околу 637 илјади пчели, чија тежина изнесувала околу 63,7 килограми.

Семо досега се обидел три пати. При вториот обид што го направил во 2016 година, успеал да собере шест килограми пчели на телото, а при третиот обид имал 10 килограми пчели.