Чешката влада донесе одлука со која во целост ги забранува сите активности поврзани со пеење, било да се професионални или аматерски. Одлуката се оправдува со борбата против пандемијата на коронавирусот, бидејќи некои членови на хорови се заразени. Министерот за здравство, Роман Примули, тврди дека и пеењето спаѓа во ризично однесување во овој момент.
Поради тоа, во почетокот на идната недела во чешка на 14 дена се откажуваат оперските, театарските и музичките претстави. Исто така нема да има музичко образование во училиштата, а се забранува и хорско пеење и за време на литургиските свечености во црквите.