Здрава храна

Ако сте како повеќето луѓе кај кои способноста за нормално функционирање во текот на денот во голем дел зависи од утринскиот филџан кафе, треба да знаете и за неговите други добри страни.
Кафето не само што ќе ви го даде утринскиот наплив на кофеин, во зависност од тоа кој вид кафе го консумирате, тоа може да биде многу корисно за вашето здравје. На пример, обичното црно кафе (без никакви додатоци) има многу малку калории, поточно 5 калории и 0 шеќер. Но додавањето млеко, шлаг или шеќер може непотребно да ги зголеми калориите.
Кофеинот е природен додаток за согорување на маснотиите, но ако додадете млеко и шеќер во кафето тој ефект се поништува. Исто така, истражувањата покажуваат дека црното кафе го забрзува метаболизмот од 3 до 11 проценти.
Ако по пиењето кафе трчате во тоалет, тоа е сосема нормално. Кафето е диуретик и помага во чистењето на нашето тело од штетните токсини.
Исто така, неодамнешните лабораториски истражувања покажаа дека фитохемикалиите во зрната на кафето помагаат за контрола на растот на клетките на некои видови канцер, а кафето особено е делотворно кај ракот на црниот дроб.