Медицински совет

Она што може да има големо значење во тоа дали ќе можеме да потонеме во здрав сон или не се некои пијалаци, а ние издвојуваме четири од нив.
Вода: првиот и за сите достапен пијалак е водата. Голем број од нас до креветот имаат шишенце или чаша со вода, а тоа не е без причина. Водата нема калории и шеќери и ја заситува жедта. Се препорачува повеќе да се консумира во текот на денот, навечер да не морате да се будите за да одите во тоалет.
Растителен чај: оваа топла напивка пред спиење ќе дејствува смирувачки на организмот. Особено се препорачува чај од свеж босилек (тулси), кој го намалува нивото на кортизолот, хормонот на стресот. Смирувачко дејство имаат и чаевите од камилица, валеријана и нане.
Млеко: топло млеко пред спиење е многу делотворно. Иако некои луѓе не пијат млеко, поради вкусот на лактозата, можете да го пиете со лажиче мед, цимет или со куркума.
Сок од вишна: овој незасладен, кисел сок е богат со многу состојки што го поттикнуваат здравиот сон, а тоа е и научно докажано.