Иако повеќето Германци постари од 18 години слушнале за композиторот Лудвиг ван Бетовен, ретки се оние што успеале да отпеат неколку такта од некое негово познато дело, покажа неодамнешната анкета на компанијата „ЈуГов“. Според анкетата, 95 отсто од анкетираните Германци слушнале за Бетовен. Меѓу оние на кои неговото име им било познато и кои го вклучиле меѓу композиторите, 15 отсто не знаеле да наведат ниедно музичко дело на Бетовен, а на анкетното прашање дали знаат барем една негова композиција, 11 отсто одговориле негативно.

Околу три четвртини од испитаните одговориле дека им е познато дека славниот композитор ги напишал познатата „Деветта симфонија“ и „Ода на радоста“.
Во текот на 2020 година Германците со околу 1.000 концерти, оперски изведби и други музички настани низ земјата ќе ја одбележат 250-годишнината од раѓањето на големиот композитор.

Многу од анкетираните одговориле дека сметаат дека класичната музика игра значајна улога во модерното општество, а околу 68 отсто одговориле дека овој музички жанр целосно ја изгубил важноста.