Кучињата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден влегоа во Белата куќа. Германските овчари Чемп и Мејџор во неделата официјално му се придружија на семејството Бајден во нивната нова резиденција на авенијата Пенсилванија 1600 во Вашингтон, пренесува „Си-ен-ен“.

Со пристигнувањето на кучињата на претседателот во Белата куќа, се обнови повеќедецениската традиција на чување миленичиња во неа.

Преку нивното однесување на тревникот пред Белата куќа се стекнува впечаток дека кучињата се чувствуваат како дома.

Овие кучиња веќе имаат многубројни обожаватели на социјалните мрежи. Нивниот профил на Твитер има десетици илјади следбеници.

Доналд Трамп беше првиот американски претседател кој по повеќе од 100 години не чуваше миленичиња во Белата куќа.