Часовникот „Ролекс“, од моделот „Сабмаринер 6538“ што Шон Конери го носел во филмот за Џејмс Бонд „Д-р Но“ во1963 година, оди на аукција. Почетната цена е 165.000 долари, пренесува „Ескваер“.

Се смета дека часовникот користен во филмот му припаѓал на филмскиот продуцент Алберт Броколи, кој му го позајмил часовникот на Конери за снимање кога заклучиле дека е потребен рачен часовник „Ролекс“ .

На аукцијата ќе се најдат и моделите „Пол Њуман – Дејтона“ од 1968 година, „Ролекс“ модел „Пуси Галор“ што го носел Шон Конери во филмот „Голдфингер“ од 1958 година и часовник „Омега“ модел „Си мастер 300“ кој го носел Даниел Крејг како Џејмс Бонд во филмот „Спектра“ во 2015 година.

Наддавањето на аукциската куќа „Боб вочис“ ќе се одржи на 16 ноември.