Медицински совети

Долготрајното седење во затворени, климатизирани простории, целодневната работа пред компјутерот и електромагнетните зрачења, сѐ почесто оставаат последици врз здравјето на луѓето. Коњуктивитисот, сивата мрена и очниот притисок делумно му се припишуваат на стресот. И дерматолозите предупредуваат дека многубројните исипи што ги погаѓаат најмладите, како дерматитис и херпес, исто така, се резултат на дејството на стресот.

– Стресот е нормален физиолошки одговор во заштитата на организмот. Помага да останеме концентрирани, енергични и подготвени за зголемен напор. Но по одредено време тој престанува да биде корисен и предизвикува нерасположение, нарушување на меѓучовечките односи и го намалува квалитетот на нашиот живот. Долготрајната изложеност на стрес може да доведе до сериозни здравствени тегоби.

Всушност, хроничниот стрес го оштетува секој орган во нашето тело – велат лекарите.
И вирусните и бактериските инфекции на кожата, како псоријаза и егземите се резултат на стресот. А доколку стресната состојба трае многу долго може да дојде и до паѓање на косата, хронична уртикарија, виртилиго, па и лупус.