Научниците досега размислувале како светот ќе се справи ако температурите се зголемат за 1,5 степени Целзиусови до крајот на овој век. Тие исто така информираа за тоа како земјиштата на Земјата ќе бидат погодени од климатските промени.

Во нова објавена студија најзагрижувачко е влијанието на зголемувањето на температурите врз океаните и замрзнатите региони.

Накусо, водите стануваат се потполи, светскиот мраз брзо се топи, а тоа има влијание врз секое живо суштество на планетата.

– Сината планета сега е во сериозна опасност, претрпе многу навреди од многу различни насоки и тоа е наша вина – рече д-р Жан-Пјер Гатузо, главен автор на извештајот.

Научниците се „практично сигурни“ дека глобалниот океан се загреал без пауза од 1970 година.

Водите апсорбираа повеќе од 90 проценти од дополнителната топлина што ја создаваат луѓето во текот на изминатите децении, а стапката со која ја презема оваа топлина е двојно зголемена од 1993 година.