Од „Нетфликс“ објавија дека акционата комедија Red Notice („Црвено известување“) е нивниот најгледан филм.

Објавен на платформата на 12 ноември, веќе на првиот ден од неговото емитување стана најгледаниот филм на стриминг-услугата.

Тој е во категоријата топ-10 филма во последните три недели, а моментално 50 отсто од претплатниците на „Нетфликс“ го гледале филмот, пренесува Си-ен-ен.

Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите на филмот Гал Гадот и Двејн Џонсон.

– Не можам да ви кажам колку сум среќна, колку сум благодарна, колку сум воодушевена од овие луди статистики и информации. Го направивте нашиот филм најгледан во историјата на „Нетфликс“! Вие сте причината зошто ги правиме овие филмови. Вашата љубов ни значи сѐ. И во никој случај не го земаме тоа здраво за готово. Ви благодарам – напиша Гал на својот инстаграм-профил.