Според Државниот Универзитет во американската сојузна држава Џорџија, црвеното вино е ефикасен лек против астма, белодробни заболувања и воспаление на средното уво.

Имено, ресвератролот, состојка што ја има во грозјето, влијае благопријатно на воспаленијата на дишните патишта и на ушите.

Според научниците, токму тој природен полифенол во грозјето и виното може да се употреби за создавање поефективни лекови и терапии против воспаленија.