Стотици туристи на ден го посетуваат местото наречено црвена плажа во Кина и се фотографираат со ова уникатно опкружување.
Но она што е најинтересно е дека тоа воопшто не е плажа и токму тоа го прави ова место посебно! Тоа е најголемото мочуриште за одгледување растенија, каде што црвените билки им даваат илузија на посетителите дека се на црвена плажа.
Ова место се наоѓа во кинеската провинција и заштитена област Лиаонинг, а опфаќа повеќе од 13.300 хектари. На него се одгледува растението црвена жалфија (Suaeda salsa), кое има светлоцрвена боја во текот на пролетта.
Како што одминува времето станува темноцрвено, а на крајот, кога ќе дојде есента, станува виолетово. Кога зимата тропа на врата, растението „умира“, но напролет водата го враќа во живот.