Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до непрепознатливост за улогата на детективка со проблематично минато, во новата драма „Разурнувач“. Филмот премиерно беше прикажан на „Лондонскиот филмски фестивал“.

Имено, оскаровката мораше да ја замени својата препознатлива долга руса коса со кратка костенлива, и со мрачен израз на лицето, каква што била Ерин Бел – детективка на тајна задача, инфилтрирана во гангстерска банда, која учествувала во нелегални акции со цивилни жртви, и долго потоа не можела да се помири со тоа.
– Влегов во нејзиниот лик и сочувствував со неа. Си мислев, има одреден немир и збрканост во нејзиниот гнев, какви што досега не бев видела на големиот екран, особено во женски лик – објаснува глумицата.

Што се однесува на глумата, публиката има многу пофални зборови за новата улога на Кидман.