Со почеток од 13 часот во МКЦ ќе започне петтиот по ред „Скопје винил конвеншн“ (Skopje Vinyl Convention), во организација на Funky Fresh.

Настанот е инспириран и посветен на сите колекционери и љубители на винили. Има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната изминатиов период.

Оваа година ќе има повеќе изложувачи и дилери и одлична музичка програма. Целодневната програма вклучува над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари.

Влезот е слободен. Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.