Фото: Маја Јаневска-Илиева

По повод празникот на жената, 8 Март, сликарот и хуманитарец Живко Поповски-Цветин вчера пред просториите на редакцијата на „Нова Македонија“ одржа ликовна работилница под ведро небо. На сите жени што во моментот се најдоа тука им подари своја слика, заедно со новиот примерок на нашиот весник.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

На својот штафелај тој почна да слика и голема слика, на која ќе има 75 цвета, симбол на 75-те години постоење на нашиот весник, кои ги одбележуваме годинава.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

– Секогаш со задоволство сум дел од голем број манифестации и ги подарувам моите слики. Утринава бев и во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и им подарив слики на сите мајки што се породија денеска и ноќеска и на оние што ќе се породат во текот на денот, а имаше слики-подароци и за новороденчиња, кои се најубавиот цвет на овој свет. Им подарив минијатури и на жените што го одржуваат зеленилото во Капиштец, како и на продавачките во неколку околни продавници, за да им го разубавам овој ден – ни рече Цветин.

Фото: Игор Бансколиев

Заедно со екипа на „Нова Македонија“ тој вчера го посети и домот за стари лица, во околината на Скопје, каде што исто така со свои цветни минијатури ги израдува жените згрижени таму.

Фото: Игор Бансколиев
Фото: Игор Бансколиев