Познатиот македонски сликар и хуманист, Живко Поповски – Цветин, го одбележа денешниот Светски ден на сестринството со изложба насловена како „Цвеќе на хуманоста за медицинските сестри“.

На својот балкон, Цветин организираше уметничка изложба посветена на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – ЗА НАС. Тој постави уметнички слики со цвеќиња на балконот на својата зграда во скопски Капиштец и ја распосла својата позната слика од 101 метар до дворот пред згрдата.