Иако е ѕвезда на романтични комедии, Хју Грант (60) не ги обожава сопствените филмови. Актерот е еден од омилените ликови од романтичните комедии, благодарение на што се стекна со холивудска слава, па затоа го нарекуваат крал на романтичните комедии. Сепак, и покрај тоа што го направија славен, британскиот шармер открива дека тие, всушност, се една голема лага. Сакајќи да каже дека не е сè во животот толку совршено како во филмот, особено во романтичните комедии.
Неговите најуспешни дела и филмови што се гледаат одново и одново се „Четири венчавки и погреб“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Натинг Хил“…
– Сите мои врски во филмовите беа всушност катастрофа, а романтичните комедии како жанр се една обична лага. Би сакал да снимам продолженија на моите успешни романтични комедии што ќе ја откријат вистината и ќе го срушат тој жанр. Да им покажам на луѓето како завршуваат тие ликови, мислам дека тоа е одлична идеја – изјави Грант.