Мексиканецот Хуан Педро Франко во 2017 година беше запишан во Гинисовата книга на рекорди како најтешкиот човек во светот. Неговата тежина изнесуваше 595 килограми, тежина што изнесуваше повеќе од тежината на една просечна машка поларна мечка. Денес Хуан има околу 200 килограми, а својата тежина ја изгуби благодарение на упорноста, внимателната исхрана и вежбањето. Прекумерната тежина му предизвика дијабетис, висок крвен притисок и хронично опструктивно белодробно заболување. И покрај тоа што беше во ризичната група луѓе, Мексиканецот успеа да го совлада коронавирусот.