На 2 август, од 22 часот, во Античкиот театар, ќе се одржи вистински летен спектакл. Концерт ќе одржат Хуан Аткинс и  Македонската филхармонија, предводена од маестро Џијан Емин. За помладата публика истата вечер диџејот Џеф Милс ќе има свој сет на плажата кај хотел „Парк“.

Според организаторите овој перформанс ќе биде едно неверојатно патување кое ќе овозможи класиката да се збогати со електронски призвук, со што ќе се создаде уметничко дело од светски размери.

– Имам добро претчувство за концертот на 2 август и едвај чекам да видам бројни насмеани, расположени и раздвижени лица – вели Огнен Узуновски Оги, во име на организаторите, пренесувајќи ги очекувањата за летниот спектакл.