фотографии: ХРТ

Неколкумесечно патување со велосипед е сон на многумина авантуристи. Хрватот Иван Милун е веќе на пат и вози по југот на Европа – преку Црна Гора, Косово, Албанија, Македонија, па до Грција, а оттаму со брод ќе патува до Турција, па преку Бугарија, Романија и Србија ќе се врати во Загреб.

В петок тој веќе ќе биде во Скопје, а оттаму ќе се упати кон Охрид.

Во припремата на ваквите тури многу му помага неговата работа – тој работи како доставувач на велосипед, па дневно минува околу 70 километри.

– Дневно возам по 50-100 километри, тоа е некој максимум затоа што ме фаќа умор. Овој пат има 4.000 километри, така што ќе возам по 1.000 километри месечно. Немам некој конкретен план, немам резервации, немам ништо договорено – вели Милун.

Според вообичаените патни трошоци овој патник планира да троши по 20 евра дневно, или за целиот пат вкупно планира да потроши околу 2000 евра.

Пред две години тој тргна на север, преку Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Латвија, Летонија и Естонија и стигна дури до Финска.