Со порастот на температурите, сите бараме начини како да се разладиме во текот на актуелните врели летни месеци. Прочитајте кои намирници треба да ги јадете за време на летото за да се освежите и разладите.

Домат – Доматот содржи големи количества на антиоксидантот ликопен, за кој е познато дека спречува појава на рак. Црвениот домат содржи 94 отсто вода, додека зелениот има 93 проценти. Доматот можете да го додадете во салата или во сендвич и затоа лесно се вклопува во секојдневното мени.

Диња – Дињата е извонредна за заситување на жедта и за освежување. Таа содржи малу калории и висок процент на вода (95 проценти), со што е идеална намирница за летните месеци.

Лути пиперчиња – Лутите пиперчиња ги стимулираат рецепторите во устата, што предизвикува потење, а тоа помага за разладувањето на организмот.

Целер – Целерот има многу малку калории. Филџан исечкан целер содржи само 16 калории. Од друга страна, овој зеленчук содржи 95 отсто вода.

Брокула – Брокулата е здрав зеленчук. Богат е со влакна, што е добро за варењето и за контрола на шеќерот во крвта. Освен тоа, брокулата содржи 91 отсто вода.

Краставица – Краставицата е идеален избор во текот на летото, бидејќи содржи големи количества вода, 95 проценти, што му помага на телото да се разлади. Најдобро е овој зеленчук да се јаде свеж.