Некои видови храна, како што се шеќерот и белото брашно, може да ги зголемат болката или хроничното воспаление. Од друга страна, пак, одредена храна може да помогне во олеснување на болката и да се бори против ракот и другите болести. Најдобрата вест е дека сите овие намирници имаат добар вкус и се лесни за додавање во исхраната.

Омега-3 масните киселини во храната помагаат за борба против воспаленија. Студиите покажуваат дека кај глувците што биле хранети со екстра-девствено маслиново масло запрел развојот на артритис и имале намалено отекување во зглобовите.
Лукот е вистинско богатство за здравјето, го содржи антиоксидантот кверцетин, кој може да го ублажи воспалението. Исто така е добар во борбата против ракот и може да го намали ризикот од срцеви заболувања и деменција.

Црешите го содржат антиоксидантот антоцијанин, кој е познат како антиинфламаторен антиоксидант. Истражувањата покажуваат дека стебленцата од црешата се исто толку ефикасни. Редовното консумирање сок од цреша може да ви помогне да се ослободите од болки и вкочанетост.

Зелениот чај е противвоспалителен суперпијалак. Добар е за секој дел од телото. Зелениот чај содржи антиоксиданти што го намалуваат воспалението. Исто така, може да помогне за спречување карцином, за топење на маснотиите во стомакот, како и за намалување на депресијата.

Ѓумбирот има силно антиинфламаторно дејство. При една студија се открило дека екстрактот од ѓумбир им помогнал на 63 проценти од учесниците да се ослободат од болките во колената. Исто така, ако премногу вежбате, ѓумбирот може да ви помогне да се чувствувате подобро.