Дали храната ви е повкусна кога некој друг ќе ви ја приготви?
Познатиот психолог Даниел Канеман го објасни овој феномен за да стане појасен.
– Додека го правите вашиот сендвич, размислувате каков вкус ќе има и си создавате слика што ја очекувате. И кога долго размислувате за одредена храна, станувате „помалку гладни“ за таа специфична храна. Постои еден вид необична ситост – вели психологот.
Кога друга личност ќе ни направи сендвич, тој не е „претходно консумиран“ ниту анализиран на тој начин и затоа ни е попривлечен и вкусен. А истражувачите од универзитетот „Карнеги Мелон“ веруваат дека ако гледаме како се прави сендвич некое време, тој станува помалку невообичаен и затоа е помалку посакуван.
Сличен феномен се јавува кога подолго време сме изложени на одредена храна, на пример петти залак чоколадо е обично помалку вкусен од првиот. Тие исто така го докажаа ова со низа експерименти – колку повеќе учесници замислуваат дека консумираат одредена храна толку е помала веројатноста подоцна да ја јадат.