Хотелот на отворено, кој настанал од желбата да се истакнат убавините на швајцарските Алпи, ова лето ќе продолжи со својата работа на многу необичен начин. Иако хотелот „Нул стерн“ во моментов не работи, за ова лето се подготвува еден вид пресврт, со соби без покрив и sидови, кои ќе се наоѓаат на поголем број локации во Швајцарија. Ќе се вика „Зироу риал естеит“, пренесува порталот „Нова“.

Хотелот е всушност дело на двајца браќа, концептуалните уметници Френк и Патрик Риклин, кои преку овој проект сакале да испратат порака за природните убавини на швајцарските Алпи, но на малку поинаков начин.
Самото име буквално значи „нула ѕвезди“, а просториите во овој „хотел“ немаат прозорци, нема ниту врати ниту покрив.

Оваа здание е отворено во 2016 година и имало на располагање неколку соби, односно апартмани, кои се наоѓале на околу 1.200 метри надморска височина во кантонот Сент Гален. Меѓутоа, можеби зборот „соба“ не е вистинскиот избор, со оглед на тоа дека станува збор за пултови со брачни кревети и ноќни наткасни среде планинската дивина.

Можеби ќе забележите дека на оваа слика ѝ недостига барем тоалет, но за оние што престојуваат во овој уникатен луксуз, во непосредна близина има колиба со тоалет, но и батлер што им е располагање. Една вечер за оваа авантура чини нешто повеќе од 200 евра, а списокот на чекање е огромен.