Познатиот американски ТВ-водител Лари Кинг заврши во болница поради проблеми со срцето, пишува магазинот „Пипл“.

Вработен во болницата кажа дека Кинг „добро напредува” и дека имал напад на ангина пекторис, а не срцев удар, како што пишуваа американските медиуми.

-Тој имаше проблеми со срцето, но беше подложен на ангиопластика на срцето и му поставија стент за да му ги отворат затнатите артерии-тврди тој.

Моментално 85-годишниот менаџер се наоѓа на интензивна нега и треба да биде пуштен од болница в понеделник.

Тимот на водителот ги потврди овие наводи и додаде: Лари е добро и им се заблагодаруваме на сите што беа загрижени за него.

Лари Кинг долго време има проблеми со срцето, а во 1987 година тој навистина доживеа срцев удар од кој целосно закрепна.