Двајца американски филмски продуценти заминале во Тајланд, додека беше во тек акцијата за спасување на момчињата што беа заробени во пештерата, јави Би-би-си.
Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата „Пјур-Фликс“ веќе разговарале за можен филмски проект. Прашан дали нивниот потег е невкусен, со оглед на драмата за која се заинтересира целиот свет, Смит изјави: „Ќе дојдат и други продукциски куќи, па мора да бидеме брзи“.