Холандската виокомпанијата „КЛМ“ минатиот месец го реализира првиот комерцијален патнички лет од Амтердам до Мадрид со синтетички керозин, соопштија холандската влада и авиокомпанијата, пренесуваат светските медиуми.

На комерцијалниот патнички лет на „КЛМ“ од Амстердам до Мадрид, авионот користел редовно гориво помешано со 500 литри синтетички керозин, произведенo од „Ројал Холанд Шел“ во центарот за развој на оваа компанија во Амстердам. Горивото се произведува врз основа на јаглерод диоксид, вода и обновливи извори на енергија. Овој вид гориво гарантира намалување на испуштањата на јаглерод диоксид за повеќе од 85 отсто.

Развојот и применувањето на синтетички и алтернативи на биогорива за керозин се сметаат за клучни за долгорочните напори за намалување на испутање на штетни гасови од авијацијата.