Ридли Скот ја заврши продукцијата на „Последниот дуел“ во средата и веднаш потоа режисерот постави уште еден проект со оскаровецот Хоакин Феникс.

Феникс и Скот потпишаа договор за фимот „Китбег“ за „Твенти сенџари фокс“, каде што Скот има целосен договор, објави порталот „Дедлајн“.

Феникс ќе го претстави иконскиот француски војсководец Наполеон Бонапарта. Продукцијата на филмот за францускиот император и еден од најпрославените светски војсководци треба да почне следната година.