Најголемите хитови на Дејвид Боуви сега се достапни и на апликацијата ТикТок.

– Во чест на неговиот 74-ти роденден, музиката на Дејвид Боуви отсега можете да ја најдете и на ТикТок – беше објавено на социјалните мрежи.

Ажурирањето значи дека корисниците ќе може да додаваат клипови од најомилените хитови на Боуви, како и нивни видеа на апликацијата.

Вчера се одбележуваше пет години од излегувањето на последниот албум на Боуви, „Blackstar“, само два дена пред неговата смрт на 10 јануари. Покрај бројните обожаватели на неговата музика, вдовицата на Боуви, Иман, исто така му оддаде почит во едно неодамнешно интервју, изјавувајќи дека „тој живее секој ден во нашите срца и мисли“.