Фото: Маја Јаневска-Илиева

Момчило Бајагиќ – Бајага денеска за претставниците на седмата сила одржа прес-конференција во Скопје, како најава за големиот концерт на Бајага и Инструктори што ќе се одржи на 13 септември на стадионот на АРМ во Градкиот парк во Скопје.

Овој концерт со кој групата одбележува 35 години успешна музичка кариера ќе биде посебно доживување за сите што ќе присуствуваат, бидејќи за првпат 22 песни на групата ќе бидат изведени придружувани од хор и оркестар, под диригентскста палка на маестро Војкан Борисављевиќ.

– Ова ќе биде прв концерт на групата по почетокот на пандмеијата. Воедно ова е моја прва прес конференција по подолг период, а за да додјдам тука морав да направам ПЦР тест и за среќа, како што гледате се е во ред. Наш план беше овој концерт да го одржиме многу порано, и тоа во затворен простор, но со оглед на околнистите со коцнертот под ведро небо избравме најбезбедна варијанта за сегашните услови. Инаку направивме избор од 22 наши големи хиотови што ќе ги изведеме, односно песните ги избиравме и според тоа како ќе звучат со оркестар. Меѓу другите ќе ги испониме: „Буѓење раног пролеќа“, „Зажмури“, „Руски воз“, „Откад тебе волим“…, а ќе ја слушнете и „За моје другове“, која во нов аражман звучи многу поинаку од оргиналот. Интересно е што ќе се измешаат енергиите, нашата и онаа на овдешните хористи и музичари, а тоа ветува едно навистина посебно доживуавње – изјави Момчило Бајагиќ – Бајага на денешната прес конференција во Скопје.

Тој дополни дека маестро Војкан Борисавњевиќ, кој е автор на повеќето аранжмани, ќе направи две проби, со оркестарот, а потоа и со Инструкотрите на позитивна географија.

– Планираме да издадеме дивиди од серијата концерти со оркестрите во регионот, по повод нашиот 35-годишен јубилеј. Искрено јас сум фасциниран од звукот на песните и едвај чекам да видам како ќе и се допаднат на македонската публика, која е исклучително музикална – изјави познатиот балкански музичар, кој со својот бенд е чест гостин во Македонија.

Во продажба се пуштени 4.000 карти за стадионот на АРМ кој има капацитет од 15.000 посетители. Концертот ќе трае три часа, а носењето на задолжителни маски ќе биде задолжтелно за сите, согласно протоколите за одржување јавни настани. М.Т.