Хирургот Скот Грин од Сакраменто во американската сојузна држава Калифорнија, се појавил на виртуелно судење од операционата сала во хируршка опрема, пренесуваат медиуми.

Додека судијата го испрашуваше, Грин рече дека е среќен што може да се приклучи и дека наскоро ќе му се придружи и друг колега хирург на операционата маса. Судијата рекол дека тоа не е соодветно и го одложил судењето.

Калифорниската медицинска комисија соопшти дека ќе го испита случајот затоа што очекува лекарите да ги почитуваат стандардите кога лекуваат пациенти.

На сослушувањето во Високиот суд во Сакременто, кое било објавено на Јутуб, судскиот службеник му се обратил на хирургот: „здраво, господине Грин? Здраво! Можете ли да присуствувате на судењето? Изгледа дека сте во операционата сала“.

„Овде сум. Сега имам операција, но слободно можам да присуствувам на судењето. Повелете”, одговорил Грин.

Официјалното лице му соопшти на Грин дека сослушувањето е одложено, бидејќи според законот мора да биде отворено за јавноста. Додека го чекале судијата, службеникот во судот Гери Линк ја отворил апликацијата Зум, а на екранот се појавил Грин.

„Ако не се лажам, гледам дека обвинетиот има пациент, и е во сала за операција. Дали сум во право, господине Грин? Или е подобро да се каже д-р Грин“ рекол Линк.

Откако хирургот потврдил дека го оперирал пациентот и дека ќе биде задоволен да продолжи, Линк рекол дека не е соодветно да се продолжи поради пациентот.

– Ако оперирате и за доброто на пациентот, ќе одлучам дека случајот ќе се продолжи со одење на суд – рекол судскиот службеник.

Грин инсистирал да продолжи, додавајќи дека наскоро ќе пристигне уште еден хирург за да оперира.

„Можам да присуствувам на судењето, но и на операцијата“ рекол хирургот.

Линк тогаш заклучил дека тоа не е соодветно и дека ќе закаже судење за друг датум, кога хирургот нема да мора да присуствува на операција.

Медиумите го контактираше хирургот за коментар. Тој изјавил дека „ништо од горенаведеното не е точно и дека повеќе нема да го коментира случајот“.

Ова не е првпат судењето на Зум да тргне наопаку. На почетокот на февруари, адвокат не можел да ја исклучи сликата на екранот на својот компјутер, на кој бил прикажан преку филтер со лице на мачка.

„Тука сум, не сум мачка“, рекол адвокатот, барајќи од судијата да го продолжи состанокот.