Дали ги познавате вашите Грифиндори од вашите Дементори? Кој беше полукрвниот принц? Што можете да купите во Оливандерс?

Обожавателите на Хари Потер можат да го проверат своето знаење за книгите и филмовите во нова серија ТВ-квизови што ја лансира „Ворнер медија“ за да се емитува подоцна оваа година, како дел од прославата на 20-годишнината на првиот филм во авантурите на момчето волшебник.

„Ворнер медија“ во средата соопшти дека кастингот е отворен за обожавателите кои сакаат да учествуваат во четири едночасовни квизови.

Квиз-емисиите ќе бидат дел од петтодневни ретроспективи со појава на изненадни гости во она што „Ворнер медија“ го нарече Play Along компонента во која фановите на Потер можат да учествуваат со тоа што ќе се облекуваат дома.

Таканаречените спешлс ќе бидат емитувани на „Ејч-би-о макс“, „Картун нетворк“ и „Ти-би-ес“ подоцна оваа година.