Одлуката на „Банката на Англија“ за ставање на ликот на одреден англиски научник на новата банкнота од од 50 фунти предизвика разочарување кај британската јавност, чиј фаворит беше англискиот фудбалски репрезентативец Хари Мегваер, пренесува „Индепендент“.

Идејата оти дефанзивецот на Лестер би можел да се најде на банкнотата потекна од шеговитата вирална кампања на познатиот комичар Џони Шарплес, кој на Твитер, неодамна, објави фотомонтажа на која Мегваер јава на балон во обликот на еднорог. Онлајн-петицијата набргу стекна илјадници поддржувачи.

Меѓу фаворитите за ликот на новата банкнота е инспиративниот англиски научник Стивен Хокинг, како и поранешната англиска премиерка Маргарет Тачер која беше предложена од конзервативниот пратеник Џекоб Рис Мог, што наиде на потсмев во јавноста.

Луѓето и натаму ќе можат да испраќаат предлози за изгледот на банкнотата, на интернет-страницата на банката во следните шест недели.