Војводата и војвотката од Сасекс потпишаа договор со стриминг гигантот „Нетфликс“ за да продуцираат разни видови на содржини, со што во некои од нив може и самите да се појават, пренесува Би-би-си.

– Нашиот фокус ќе биде насочен кон создавање содржина што информира, но исто така дава и надеж. Како тазе родители, изработката на инспиративни, семејни програми е исто така важна за нас – изјавиле принцот Хари и Меган.

Тие за „Нетфликс“ ќе работат на документарни филмови, документарни серии, играни филмови и програми за деца. Сличен договор „Нетфликс“ има со Барак и Мишел Обама. Кралскиот пар ќе ги прави своите емисии за „Нетфликс“ со засега неименувана продуцентска компанија.

Војводата од Сасекс во моментот може да се види на стриминг сервисот во документарен филм за Параолимписките игри. Меган претходно соработуваше со „Дизни“ како наратор во нивниот докунтарнен филм „Слон“.