Хари и Меган ја споделија својата прва божиќна честитка откако се преселија во Америка. Честитката беше споделена преку „Мејху“, добротворната организација за животни со седиште во Лондон, на која Меган е патрон, со пораката „ви посакувам среќен Божиќ и среќна Нова година“.

На честитката од тричленото семејство, во нивниот нов дом во Монтесито, Калифорнија, се принцот Хари, војвотката Меган и нивниот син Арчи, заедно со нивните две кучиња Гај и Пула. На оваа честитка, Арчи првпат се појавува во јавноста, по неговиот прв роденден изминатиот мај.