Принцот Хари и Меган Маркл покренаа правна постапка во САД против неименуван фотограф, пренесува Би-би-си. Тој наводно, го снимил нивниот 14-месечен син Арчи со дрон. Тоа се случило над нивната куќа во Лос Анџелес за време на карантинот поради пандемијата.

Парот во тужбата наведува дека сликите се напад на нивната приватност. Судската постапка ги потенцира законите за приватност во Калифорнија.

– Секој поединец и член на семејство во Калифорнија има право на приватност во нивниот дом. Дрон, хеликоптер или телескопски објектив не можат да го одземат тоа право – објаснил нивниот адвокат Мајкл Камп.

Тој додаде дека Хари и Меган поднеле тужба за да го заштитат правото на приватност на нивниот син во нивниот дом, без „вознемирувањата“ од новинари и фотографи, но и да го спречат профитирањето од нивните противзаконски дејствија.