Меган Маркл и принцот Хари не можат повеќе да го користат кралскиот бренд „Сасекс ројал“ по забраната од страна на британската кралица Елизабета Втора, пренесуваат британските медиуми.

На Меган и Хари им било кажано да го исфрлат зборот „ројалс“ од нивниот онлајн- бренд „Сасекс ројал“ обавува „Дејли мејл“. Тие се обиделе да ги заштитат правата за тој бренд, по започнувањето на самостоен живот, но одлуката на кралицата Елизабета ја спречува ваквата можност.

Кралицата наводно ја издала забраната за употреба на терминот „ројал“, сметајќи дека е несоодветно Меган и Хари да го употребуваат откако решија да тргнат по свој пат.

Од вчера, на нивниот профил на Инстаграм и нивната приватна веб-страница сè уште стои титулата „Сасекс ројал“. Не е јасно дали кралицата им определина временски рок, но одлуката претставува јасен знак дека таа зазема цврст став во однос на „кралските дезертери“.