Меган и Хари вчера и се придружиле на кралицата Елизабета Втора во црква во Виндзор, што е нивна прва заедничка средба по 6 јануари кога двојката го најави своето повлекување од кралските должности, пишуваат светските медиуми.

Принцот Хари беше видливо нерасположен, за разлика од Меган која беше насмеана, кога дојдоа на средбата со кралицата.

Војводата и војвотката од Сасекс ги извршуваат последните обврски како дел од кралското семејство во Велика Британија.