И покрај неодамнешните тврдења дека главниот лик ќе биде жена, Индијана Џоан, продуцентот Кетлин Кенеди потврди дека Харисон Форд се враќа и дека новиот филм ќе биде продолжение, без никакви измени поврзани со главниот лик.
Стивен Спилберг, кој ги режираше првите четири филмови во франшизата, ќе биде режисер и на новиот филм, а „Дизни“ веќе го одреди датумот – 9 јули 2021 година.

Доктор Хенри Волтон, Индијана Џонс Помладиот, е измислен американски авантурист, таен агент, професор по археологија и главен лик во серијалот играни филмови „Индијана Џонс“. Ликот го создадоа Џорџ Лукас и Стивен Спилберг, за да им се оддаде почит на хероите од акциските филмови од 1930 година. Ликот на Џонс првпат се појавува во 1081 година, во филмот „Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“.
Потоа, во 1984 година, се појавува во филмот „Индијана Џонс и храмот на пропаста“, во филмот „Индијана Џонс: Последната крстоносна војна“ од 1989 година, во филмот „Хрониките на младиот Индијана Џонс од 1992 и 1996 година и во филмот „Индијана Џонс и кралството на кристалниот череп“ од 2008 година.