Емотивната приказна за нераскинливата врска меѓу човек и пес од романот „Повик на дивината“ на Џек Лондон наскоро ќе добие уште една филмска адаптација, во која главната улога му е доверена на Харисон Форд.

Режијата за овој авантуристички филм ја потпишува фантастичниот Крис Сандерс, кој е познат и по анимираните остварувања: „Како да го истренираш својот змеј“, „Лило и Стич“ и „Кродс“.

Филмот „Повик на дивината“ ја раскажува приказната за Бак, куче со големо срце, кое за време на едно патување се сретнува со Џон Торн (Харисон Форд). Џон е стар, изолиран шумар, кој сосема случајно станува новиот сопственик на Бак. И додека тие се обидуваат да преживеат во светот на дивината, нивната меѓусебна врска станува сѐ поцврста. Освен Форд, во филмот глумат и Ден Стивенс, Омар Си, Карен Гилан, Бредли Витфорд и други. Сценариото за филмот го разработи Мајкл Грин, според романот на Џек Лондон. Премиерата на „Повик на дивината“ е закажана за 21 февруари 2020 година.