Поранешниот холивудски филмски продуцент Харви Вајнстин денеска ѝ се предаде на њујоршката полиција поради обвинение за сексуално вознемирување.

Тој подоцна беше пуштен со кауција од еден милион долари.

Повеќе од 70 жени го обвинуваат соосновачот на студијата „Мирамакс“ и „Вајстин цо“ за сексуално вознемирување, вклучувајќи и силување, а некои обвинувања датираат и од пред повеќе години.

„Случајот Вајнстин“ беше повод за ангажирање на движењето #МеТоо, па стотини жени почнаа јавно да обвинуваат моќни бизнисмени, владини претставници и луѓе од светот на забавата за злоставување.