„Ако сакаш да го победиш, мораш прво да го изедеш“ е рекламниот слоган на еден готвач во Ханој, кој реши да ги орасположи жителите на престолнината на Виетнам, така што почна да подготвува хамбургери во форма на коронавирусот.
Со овој чекор, готвачот Хоанг Тунг ѝ се насмеа в лице на пандемијата, оценува агенцијата „Ројтерс“ и додава дека неговиот тим со денови работел за да дизајнира хамбургери од зелен чај со мали круни од тесто, за да личи месото на коронавирусот.
– Ја направивме оваа шега, со идеја дека ако се плаште од нешто треба да го изедете – вели Тунг.

Тој дополнува дека, меѓу другото, и поради овој маркетиншки трик, коронавирусот во неговото опкружување веќе не им бил толку страшен на луѓето. Како што се наведува, неговата кујна продаваа и по 50 вакви хамбургери на ден, иако други слични продавници, токму поради пандемијата се затвораат секојдневно во Виетнам.
Еден од купувачите на овие оригинални хамбургери изјавил оти токму ваквиот облик им го крева моралот на луѓето.
– Овој коронавирус е многу опасен. Меѓутоа, ако јадете вакви хамбургери тоа изгледа како да сте ги победиле – изјавил купувачот.
Во оваа држава засега се регистрирани 150 случаи на заболени од ковид-19, но досега нема ниеден смртен случај.