Спотот за песната „Despacito“ исчезна од Јутуб.

Би-Би-Си јавува дека каналот Вево бил хакиран и дека спотот за песната „Despacito“ бил избришан од Јутуб. Пред видеото целосно да биде отстрането, на корисниците им била прикажана фотографија од група вооружени луѓе.

Хакерите под видеото напишале „Слобода за Палестина“, а освен „Despacito“, биле отстранети уште неколку спотови.

Би-Би-Си јавува дека хакерите ги загрозуваат и другите пејачи и дека ги менуваат имињата на песните и вметнуваат свои имиња во некои од најгледаните спотови. Наводно некој од нив се огласил на Твитер и порачал дека го обожува Јутуб и дека тие само добро се забавуваат.

Спотот за песната „Despacito“ е најгледан на Јутуб, а пред хакерскиот напад забележал над пет милијарди прегледи. Песната во моментот е достапна само во верзија со Џастин Бибер, која има 618 милиони прегледи.