Хакери украле биткоини во вредност од 41 милион долари од берзата „Бајненс“, една од најголемите берзи за криптовалути во светот, соопшти денеска оваа компанија.

Според „Ројтерс“, ова е најнова во серијата кражби од криптоберзи ширум светот.

Хакерите украле 7.000 биткоини користејќи разни техники, вклучувајќи кражба на идентитети, вируси и други напади, стои во соопштението на веб-страницата на берзата.

Во објавата се додава дека фондовите за корисниците нема да бидат засегнати од овој напад, бидејќи компанијата ќе го искористи својот фонд на безбедни средства за да ги покрие загубите.

Вестите за хакирањето предизвикаа цената на биткоините да падне за дури 4,2 проценти на раната азиска берза, но сепак нешто подоцна успеа да поврати дел од загубите.