Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти „ФХ3Х“ учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „Дедпул 2“, чија премиера се одржа вчеравечер во Скопје. Филмот е во режија на Дејвид Лич, а сценарио е на Рет Рис и на Пол Верник, кој е автор и на првиот дел од 2016 година.

По преживеаниот фатален напад од говеда, нагрдениот шеф на кафетеријата (Вејд Вилсон) се труди да го оствари својот сон и да стане најзгодниот шанкер во Мејбери, а истовремено мора да научи да живее со изгубеното сетило за вкус…
Кристијан Даниловски, коосновач на „ФХ3Х“, изјави дека на проектот работеле од декември минатата година до април годинава, а биле ангажирани над 70 артисти.
– Специфичниот антихерој на „Дедпул“ е она што е атрактивно за обожавателите и сигурен сум дека нема да бидеме разочарани – изјави Даниловски.