3-Д технологијата „Звук што зрачи“ од израелската компанија „Новето системс“ го следи увото и му го испраќа звукот со помош на ултразвучни бранови, создавајќи лични џебови за слушање, пренесува „Асошиејтед прес“.

Замислете свет во кој се движите во ваш личен звучен меур. Ги слушате вашите омилени мелодии, играте гласни компјутерски игри, гледате филм или добивате насоки за навигација во вашиот автомобил, сето тоа без никого да вознемирувате околу вас.

Тоа е можноста презентирана од „зрачење на звук“, нова футуристичка аудио -технологија од израелската компанија „Новето системс“. В петок ќе се одржи промотивна презентација на десктоп уред кој зрачи директно на слушателот, без потреба од слушалки.

Компанијата му обезбеди на „Асошиејтед Прес“ ексклузивно демо на десктоп прототипот на неговиот „Саундбимер 1.0“ пред неговото претставување.