Френсис Мекдорманд, добитничката на два „оскара“, во „Номадленд“ игра жена што прифаќа номадски начин на живот и патува низ државата откако изгубила сè за време на рецесијата.

Таа истражува во нов, ретко виден животен стил во драмата „Номадленд“, која неодамна ја освои наградата „Готам“ за најдобар игран филм во 2021 година. Филмот е во режија на Клои Жао и покрај наградата „Готам“ доби повеќе награди на познати филмски фестивали како што е „Златен лав“ во Венеција. Номинациите за 93-то издание на „оскарите“ ќе бидат објавени на 15 март, а свеченоста ќе се одржи на 25-ти април.

Мекдорманд, во моментов котира на високото второ место во трката за најдобра актерка зад Вајола Дејвис со филмот „Црно дно на Ма Рејни“.

Доколку триумфира на годинашните „оскари“ за нејзината изведба во „Номадленд“, Мекдорманд ќе стане втора актерка која освоила три статуетки, покрај Кетрин Хепберн која е рекордерка со четири.

Мекдорманд досега освои „оскар“ за „Фарго” во 1997 година и за „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури” во 2018 година, а била номинирана уште трипати.

„Номадленд“на 19 февруари, истовремено ќе дебитира во неколку избрани киносали, драјвин кина и на „Хулу“ конкурент на „Нетфликс“.