Четирите впечатливи девојки од Приштина, Сомбор и Нови Сад, кои го сочинуваат бендот „Фрајле“ и кои музиката ја донесоа на едно поинакво, различно и за нив препознатливо ниво, синоќа настапија во винарницата „Стоби“.

Нивниот настап беше во рамки на проектот „Стобилозофија“, кој почна на 23 јуни, кога настапи популарниот бившојугословенски бенд „Црвена јабука“.

Марија Мирковиќ, Наташа Михајловиќ, како и сестрите Јелена и Невена Буча се фасцинантен музички спој, кои вчера придонесоа публиката да ужива во нивниот автентичен сценски настап.

Проектот „Стобилозофија“  промовира уживање во сите аспекти на животот, па токму затоа концерот не беше само концерт, туку убавата музика беше проследена со дегустација на вино и вкусни сирење и кашкавал од сопствено производство.

– Стобилозофијата е доктрина со која се учи да се ужива во убавите нешта, без да му се пречи никому, а притоа и никој да не страда поради сопственото уживање. Тоа е филозофија во која се испреплетени и телесното и духовното уживање, овозможена првенствено од вкусовите на врвните вина на „Стоби“, како и сплотувањето со омилената музика, дополнета со атмосферата и амбиентот во комплексот на винаријата… Сето тоа прави чувството на близок контакт со Стобилозофијата да биде совршено – велат од „Стоби“.